Девојчето на кое му е посветена песната „Македонско девојче” прослави 50 години (ВИДЕО)
DEVOJČICA KOJOJ JE POSVEĆENA POZNATA PESMA MAKEDONSKO DEVOJČE JE PROSLAVILA 50 GODINA
Речиси и да не постои човек кој не ја знае. Таа е најпеаната песна од Македонија на сите времиња, како во земјава, така и надвор од неа. Препеана на најмалку 10 светски јазици. „Македонско девојче” се пее и на седенки и на свадби, но и на спортски настани.
Малкумина ја знаат приказната за раѓањето на „Македонското девојче”.
„Татко“ на оваа прекрасна македонска песна е бардот Јонче Христовски. Тој бил чест гостин во семејството на Виолета Томовска, со која и самиот соработувал. На една од тие средби, кога ќерката на Виолета – Невенка, го славела својот прв роденден, настанала токму оваа песна, тогаш за прв пат изведена тогаш од Томовска и Кирил Манчевски.
Ете тоа македонско девојче, Невенка Томовска Росоманова, прослави 50 години.
Велат, кога со љубов и за љубов се создаваат дела, тие се запишуваат во вечноста. И токму во име на љубовта, нејзиниот сопруг, Зоран Росоманов го подготви најнеочекуваното роденденско изненадување. Тој направи реиздание на „Македонско девојче” изведено во несекојдневен стил. Создадено за истата личност, да потсетува на специјалните моменти, со вонвременски печат. Под велот на мистиката, а под закрила на љубовта, Росоманов го собра фантастичниот тим, кој со емоции ја поддржа целата идеја.
На 4 февруари на јубилејниот роденден на македонското девојче – Невенче, сите имаме убава прилика да уживаме во посебната прилика и заедно да ја слушнеме премиерната изведба на песната.
Ова е само потврда, дека љубовта и желбата, ако се ваш мотив да ги правите луѓето среќни, се ќе стане возможно и остварливо.
Невенка е навистина среќна жена, а и сите ние со неа. Затоа, благодарение на Росоманов, ќе уживаме во „Македонско девојче” уште најмалку 50 години.
Вистинската екипа за безвремениот подарок е во следниов состав :
Продукција и организација Зоран Росоманов
Текст Јонче Христовски
Композитор Јонче Христовски
Диригент Бисера Чадловска
Аранжман Васко Атанасовски
Музички продуцент Будимка Имери
Во изведба на Весна Гиновска Илкова и Наум Петрески, заедно со хор и симфонискиот оркестар.
За специјалната изведба во комплетирање на приказната, допринесеи виртуозот на гитара Влатко Стефановски, како и препознатливиот Дино Имери на клавир.
Велат, кога со љубов и за љубов се создаваат дела, тие се запишуваат во вечноста.
ОдговориИзбриши