PropellerAds

понедељак, 30. новембар 2015.

ПОРУКА ИЗ МАКЕДОНИЈЕ: „29 Ноември треба да се празнува !“

Сакал некој да признае или не, 29 Ноември, денот кога во 1943 година е одржано Второто заседание на АВНОЈ, е исклучително значаен датум за македонската историја. Југословенската федерација е создадена како израз на суверената волја на сите југословенски народи да живеат заеднички. Во документите на АВНОЈ, за прв пат во нашата историја, се дефинира изворниот суверенитет на македонската држава, потврден една година подоцна, со одлуките на АСНОМ.



Во доцните осумдесетти години на минатиот век, непосредно пред распадот на социјалистичка Југославија, неколку проминентни македонски автори пишуваа токму за изворниот суверенитет на македонската држава и за неотуѓивото право на Македонија самата да одлучи за својата судбина. Две-три години подоцна, нашата земја го оствари тоа право и се отцепи од југословенската федерација. Одлуките на АВНОЈ се правна основа на референдумот за осамостојување на Република Македонија.

За жал, под влијание на ретуширањето и на фалсификувањето на нашата историја, од античко време до денес, Македонија денес не го одбележува 29 Ноември. Не го спомнува ни опозицијата, веројатно во страв да не биде прогласена за југоносталгична. Јас, пак, се уште си го славам празникот. Скромно, со меѓусебни поздрави со пријателите, со чварки и со винце за ручек и со песна.
А бре Македонче, каде се спремаш, борба те чека, борба за слобода... 

Бранко Героски

Нема коментара:

Постави коментар

Напомена: Само члан овог блога може да постави коментар.